Во рамки на Програмата ИПА Прекугранична соработка ,,Грција-РСМакедонија 2014-2020” и проектот насловен како ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ, од планираните 3 проектни средби од кои првата се одржа во општина Пелла -Грција27/28.12.2018, втората и третата координативна средба се одржаа во општина Неготино. Третиот координативен состанок се одржа помеѓу четирите проектни партнери (општина Пелла, општина Неготино, Јавна установа за култура и развој на општина Пелла и Средното општинско училиште,,Св.Кирил и Методиј”) и тоа во деновите среда(13.11.2019) во СОУ Кирил и Методиј и четврток (14.11.2019) во општина Неготино од 11.00 до 15.30 часот. Третата проектна средба опфати:-Официјална средба помеѓу претставниците на проектните партнери и претставници од Заедничкиот Секретарјат, Р.Грција, посета на институциите кои се предмет на проект активностите-СОУ Кирил и Методиј и општина Неготино, се одржа презентација на проектот од сите четири проектни партнери и постигнувањата на проектот до одржувањето на третата координативна средба, а се дискутираше и за поставените цели и активности за реализација до завршување на проектот..