С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготинo
Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со новопланирана улица 1, од западната страна граничи со дел од КП 3007/8, од јужната страна граничи со КП 3007/10, од источната со КП 3007/3. Пристап во парцелата е обезбеден од северната страна (ново планирана улица 1).
Опфатот е со површина од 1546м2.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготино, со технички број 0213-12/19 од февруари 2020 година, изработен од „ТИПИНГ“ дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 23.06.2020 година до 29.06.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со АУП, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 25.06.2020 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино.