Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот –  ДУП за УЗ  3 дел од урбан блок 3.2 (помеѓу улиците  „Едвард  Кардељ“ и „ЈНА“)  КО Неготино, Општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север и запад по оската на улиците “ЈНА”, на исток по осовината на улица „Борис Кидрич“ и  на југ по оска на улица „Едвард Кардељ“.
Опфатот е со површина  од  1,33 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот –  ДУП за УЗ  3 дел од урбан блок 3.2 (помеѓу улиците  „Едвард  Кардељ“ и „ЈНА“)  КО Неготино, Општина Неготино  со технички број  3716  од  август 2020 година, е изработен од ДПТУ  ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ  увоз-извоз Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  02.09.2020 година  до 16.09.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.09.2020 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window