Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог – ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино
Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Маршал Тито”, на запад улица ,,Борис Кидрич” и ,,ЈНА”, на југ, улица ,,Едвард Кардељ” и ,,Киро Крстев” и на исток ,,Ѓорѓи Димитров Вешката” и крак на улица ,, Маршал Тито”.
Опфатот е со површина од 4,8 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог- ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино со технички број 55/18 од февруари 2021 година , изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“ дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 10.02.2021 година до 16.02.2021 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.02.2021 година во 09:00 часот во просториите на општина Неготино.