Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета
ДУП за урбана единица  6, дел од блок 19, општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на северозападната страна е    улица „Пекарев“,  на исток  улица  „Јане Сандански“  и на југозападната страна е   улица  „Ацо Аџи Илов “.
Опфатот е со површина  од  1,17 ха.
Повторната јавната анкета и јавната презентација по ДУП за урбана единица  6, дел од блок 19, општина Неготино, со технички број    03-230/16 од февруари, 2021 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  26.02.2021 година  до 04.03.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2021 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.

UZ_6_BLOK 19

Close Search Window