Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 19-а и член 23 од Законот за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96 ….275/19), како и Одлуката бр.09-435/1 од 06.07.2021 година за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино, Градоначалникот на општина Неготино распишува

Ј А В Е Н     К О Н К У Р С
За избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино

СЕ РАСПИШУВА јавен конкурс за избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино за мандатен  период од  4 (четири) години.
Кандидатите на конкурсот  покрај општите услови
–    да е државјанин на Република Македонија,
–    да е полнолетен,
–    да има општа здравствена способност
–  со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
треба да ги исполнуваат  и следните  посебни услови кои се потребни за извршување на работата:
 – да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

– да има минимум пет години работно искуство,

– да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа:
ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода,
ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен,  
БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
 АПТИС ( APTIS) – најмалку ниво Б2.
Заинтересираните кандидати треба  да достават :
Пријава (слободен формат) која треба да содржи: име и презиме на кандидатот и назив на доставените документи.Во прилог на пријавата треба да се достави следната документација:
–    Кратка биографија на кандидатот-CV
–    Уверение за државјанство на Република Македонија
–    Доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование );
–    Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
–    Доказ за работното искуство  (преглед или историјат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или Центарот за вработување и други докази за работно искуство),
–    Лекарско уверение за општата здравствена способност, не постаро од шест месеци,
–    Доказ за исполнување на условот за познавање на англиски јазик.

Пријавите со потребната документација се доставуваат лично во архивата на општина Неготино или по пошта на следната  адреса – Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, до Градоначалникот на општина Неготино со назнака „ За јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО- Неготино “.
    Рокот за доставување на пријавите е 10 дена, не сметајќи го денот на објавувањето на конкурсот во дневниот печат.
    Изборот на кандидатот, Градоначалникот ќе го изврши најкасно во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата до Градоначалникот, од страна на Комисијата за прегледување на документацијата. Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет за разгледување.

 

Close Search Window