Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино во соработка со Деконус ДООЕЛСкопје и Планинарскиот клуб „Фри Хајкерс“ во сабота на 18-ти овој месец организираат треил трка за вино и љубов. Настанот ќе се одржи во времето од 10,00 до 13,00 часот, а стартот и финишот на трката е пред Планинарскиот дом „ Дедо Ило Јанчев“. Инспирација од која произлезе одржувањето на оваа трка е празникот Св. Трифун, а крајна цел е промоција на винаскиот крај на Горни Дисан и општина Неготино, па токму затоа мотото на настанот е дека натпреварувањето е составен дел, но предност има забавата на сите учесници. Триел трката е замислена да биде забава, другарување и натпреварување со што ќе се излезе од рамките на класичните трки со цел да се ужива во природата. Натпреварот ќе заврши со доделување на награди за најуспешните учесници во повеќе категории.

Close Search Window