Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и седмата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 16.06.2023 ( петок ) година во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 26 редовна седница на Совет на општина Неготино

2. Усвојување на записник од 18 вонредна седница на Совет на општина Неготино

3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2023 година

4. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година

5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2023 година

6. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2023 година

7. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2023 година

8. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2023 година

9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2023 година

10. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2023 година во општина Неготино

11. Предлог – Програма за поставување на Урбана опрема на територијата на општина Неготино

12. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2023- 31.03.2023 година

13. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2023 година ( прв ребаланс )

14. Предлог – Одлука за одземање од владение на броила за електрична енергија од ЈП „ Комуналец “ Неготино

15. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижен имот во сопственост на општина Неготино на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино

16. Предлог – Одлука за прифаќање донација

17. Предлог – Решение за давање согласност на Договор за донација на материјални добра

18. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино

19. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино

20. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

21. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства

 

Close Search Window