Со присуство на над 20 жени претприемачки од бизнис заедницата од нашата општина, во Неготино се одржа обука на тема „Менаџмент на човечки ресурси и лидерство“ која беше организирана од локалната самоуправа како дел од ВПР и Националната платформа за женско претприемништво. Улогата на обучувач на настанот ја имаше г-динот Роман Пападимитров и на истата пред присутните кое зедоа активно учество во дискусијата, беа презентирани практични идеи, иницијативи и искуства по агендата за развој и претприемништво.