Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со средства во висина од 4.126.183 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино, интензивно се одвиваат финалните градежни активности за изградба на крак на улица во УЗ 8.1 согласно договорот склучен помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Градба промет.
Од денеска се започна со асфалтирање на улицата во должина од 135 метри и ширина од 7 метри.
Проектот за изградба на улицата е изработен од Генико-Прилеп, а работите ќе завршат согласно однапред утврдената динамика за изведување на истите.
Close Search Window