Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со години наназад тотално беа игнорирани барањата на овдешните жители за преземање активности од локалната самоуправа за надминување на нивните проблеми. Токму затоа, а со цел за решавање на деценискиот проблем со кој се соочуваат жителите на Неготино кои живеат во тој дел на градот, општина Неготино распиша јавен тендер за комплетно уредување на УЗ 5.1

Согласно основните проекти, предвидено е поставување на атмосферска канализација заедно со монтажа на канализациони полиетиленски шахти и изведба на улични сливници

Поставување на улично осветлување во должина од 1.020 метри

Поставување на водоводни линии во УЗ 5.1 и изведба на армиранобетонски шахти

Поставување на фекална канализација со изведба на куќни приклучоци во  шахтите

Комплетно асфалтирање на новопроектирани улици во УЗ 5.1 на површина од 2.809 м2

ГО СЛУШАМЕ ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ И ГИ РЕШАВАМЕ НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ !

Close Search Window