Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и осмата  редовна седница на Советот на општина Неготино.

Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 05.07.2023             ( среда ) година во  13:00  часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства на спортски клубови врз основа на направениот прв ребаланс на Буџетот на Општина Неготино за 2023 година
2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков“ Неготино

3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука за формирање на воспитни групи со зголемен број на деца во Јоудг „Фемо Кулаков“ Неготино

4. Предлог – Одлука за измена и дополнување на одлука за висината на комуналните такси во општина Неготино

5. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства

6. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 

 

 

Close Search Window