Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Огромната посетеност од страна на граѓаните на општина Неготино од сите генерации на градскиот плоштад на настанот, во потполност го оправда организирањето и одржувањето на забавата по повод почетокот на новата учебна година.

Како општина, се надеваме дека со богатите и разновидни содржини, успеавме да ги задоволиме вкусовите на сите присутни на плоштадот, што пак за нас претставува инспирација и мотив до година да организираме уште посодржајна и шаренолика програма.

Благодарност до сите кои одвоија дел од своето слободно време и присуствуваа на забавата, благодарност до сите учесници кои со својот настап ја анимираа присутната публика и благодарност до сите кои учествуваа во организацијата и го поддржа одржување на забавата.

Close Search Window