Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

И покрај неповолните временски услови проследени со, на моменти, интензивни врнежи од дожд, присутните на градскиот плоштад имаа убава можност да уживаат и да се забавуваат со програмските содржини од ,, Неготинската музичка вечер 2023 “.
Програмата започна со настап на Игор Џамбазов и Гуру Харе, продолжи со музичките изведби на групата ,, Забрането пушење “” и на крајот следуваше музика за младите. Настанот помина во пријатна и релаксирана атмосфера на задоволство на завидниот број присутни граѓани кои ја проследија манифестација.

DCIM100MEDIADJI_0634.JPG

Close Search Window