Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник наРМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18, член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.весник наРСМбр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/2016), член 20 и член 21 став 2од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14,199/14,27/16 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино бр.06-6/1 од 31.03.2021 година, Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” на Општина Неготино , објавува:

JАВЕН ОГЛАС

бр.02/2023 за вработување на 3 (три) – даватели на услуга на неопределено времево ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“

1.Контролор на паркирање
Шифра:KДР 03 05 Б02 050, 3 (три) даватели на услуга

Општи услови:
– да е државјанин на Р.Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
– стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование;

– најмалку 2(две) години работно искуство .

Распоред на работното време:
– работни денови од понеделник до сабота ;
– работни часови неделно 40;
– сменско работно време од понеделник до петок, прва смена од 08:00 до 15:00 часот , втора смена од 15:00 до 22:00 часоти сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Основната нето плата изнесува: 23.906,ooденари
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата за 2023 година се македонец(ка) 3.

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.лични податоци на кандидатот;
2.податоци за исполнување на општите услови;
3.податоци за исполнување на посебните услови;
4.изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот;
5.дата на пријавување и потпис на кандидатот.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.

Пријавата може да се превземе од веб страницата на Општина Неготиноwww.negotino.gov.mk.

Пополнетите пријави, заедно со прилозите,кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино или по пошта до ЈП„ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“-Неготино, ул. Маршал Тито бб –Неготино , со назнака “за јавен оглас за вработување на неопределено време во ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“-Неготино“.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на општина Неготино. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од две фази и тоа Фаза 1 – административна селекција и Фаза 2 – интервју. Пријавените кандидати ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапкатана веб страната на општина Неготино:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 3 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите;
Фаза 2 – интервју се спроведува во рок од 2 (два) дена по завршување на фаза 1 админстративна селекција.

Селекцијата и интервјутонапријавенитекандидатиќегиспроведенадлежнаКомисијаформиранаoд општинската администрација на општина неготино заспроведувањенапостапказавработување.

Огласот ќе се објави во дневниот весник ,,Нова Македонија”, ,,Вечер” и дневниот весник ,, Koha”.

Рокот за пријавување да биде 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА

Close Search Window