Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05,106/08,161/08,114/09,130/09,149/09,50/10,124/10,47/11,11/12,39/12,13/13,25/13,170/13,187/13,113/14,20/15,33/15,72/15,129/15, и член 14 , член 20 и член 21 став 2  од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14,199/14,27/16 и 35/18, и Правилникот за систематизација на работните места во општина Неготино бр.09-89/1 од 29.02.2016г. , бр.09-171/1 од 15.05.2017г.,бр.09-208/1 од 06.06.2016г., бр.09-134/1 од 07.04.2016г., бр.09-171/1 од 15.05.2017г., бр.04-147/1 од 12.03.2018г., Градоначалникот на општина Неготино објавува:
                                                                 JАВЕН ОГЛАС
                                                     за вработување бр.2/2019

I.Територијална противпожарна единица на општина Неготино има потреба од вработување на 4 (четири) лица на работно место: Пожарникар спасител – возач на специјално возило од категоријата друго помошно-технички лица, шифра УПР 0402Б14000.
Посебни услови:
Степен на завршено образование: IIIстепен или IVстепен на завршено средно образование
Вид на завршено образование: Средно образование – противпожарен техничар или Средно образование од друга насока и образование за противпожарен техничар
Возачка дозвола:Б и Ц категорија
Работно искуство: со или без работно искуство

II.Kaндидатот за работното место треба да ги исполнува општите услови:
–    да е државјанин на Република Северна Македонија;
–    да е полнолетен;
–    да има општа здравствена способност за работното место;
–    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

III.Распоред на работното време:
Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот , а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

IV.Основната нето плата изнесува:  15.500,oo денари.

V.Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од архивата на општина Неготино или од веб страницата: www.negotino.gov.mk . Пополнетите пријави, заедно со прилозите,кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на општина Неготино.
VI.Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на податоците и доставените докази за јавниот оглас.
VII.Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
-доказ за завршено образование,
-доказ за работно искуство,
-доказ за општа здравствена способност за работното место
-доказ дека не му е изречена забрана за вршење на професија , дејност или должност.
VIII.Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 7(седум) дена од денот на објавување на огласот.

 

ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА

Close Search Window