Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 11 став (1), (2), (3) , (4) …………. (14) од Законот за Пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Неготино бр.04-685/1 од 27.09.2023 година и Согласност од МИОА бр.04-685/4 од 30.10.2023 година , Oпштина Неготино објавува

JAВЕН ОГЛАС БР. 01/2024
за вработување на 3(три) професионални пожарникари во ТППЕ на општина Неготино

Општина Неготино објавува Јавен Оглас за вработување на 3 (три) професионални пожарникари во ТППЕ на општина Неготино за следното работно место :

1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Пожарникар спасител
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Територијална противпожарна единица на општина Неготино
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (3) три
ШИФРА : ПОЖ 02 10 В04 000
НИВО: В4

ОПШТИ УСЛОВИ :
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :

– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа и
– ориентираност кон засегнати страни . “

 

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:

– стручни квалификации : за сите нивоа од катњегорија В ниво на квалификациите , квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;

– работно искуство : за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциja за вработување на Република Македонија како работен стаж ;

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:

Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот , а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

ОСНОВНАТА НЕТО ПЛАТА:
– Паричен износ на основната плата изнесува: 24.360,оо денари.

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма :

– потврди за успешно реализирани обуки ;

– доказ за завршено образование ;
– доказ за работно искуство ;
– доказ за општа здравствена способност за работното место и
– доказ дека не му е изречена забрана за вршење на професија , дејност или должност.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на доставените докази и интервју за јавниот оглас и тоа:
Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 3 (три) дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите ;
Фаза 2 – интервју се спроведува во рок од 5 (пет) дена по завршување на фаза 1 админстративна селекција.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Рокот за поднесување на потребна документација изнесува 8(осум) дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници ,,Нова Македонија”, ,,Вечер” и дневниот весник ,,Koha”.
Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од градоначалникот на општина Неготино. Комисијата е должна по завршување на oгласот да ги разгледа доставените документи. Комисијата доставува предлог на кандидати до градоначалникот. Градоначалникот, во рок од 15 дена од денот на добивање на предлогот врши избор на кандидат за пожарникар спасител.
Ненавремената, некомплетната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување.

Пријавите за огласот се доставуваат лично во архивата или по пошта на следната адреса:

Општина Неготино , (за јавен оглас 01/2024)
Адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници ,,Нова Македонија”, ,,Вечер” и дневниот весник ,,Koha”.

НАПОМЕНА : Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА

Close Search Window