JABEH ПОВИК
По повод Новогодишните и Божиќните празници и празникот Богојавление – Водици, Општина Неготино ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни обіекти, поставени од страна на Општина Неготино во центарот на градот (Градски ллоштад), за периодот од 10.12.2025 година, па заклучно со 20.01.2026 година, дека можат да поднесат Барање до општината за одобрување на некоја од дефинираните локации и тоа од 10.12.2025 година па се до исполнување на локациите.
Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат барање со платена административна такса до општина Неготино ( одделение за урбанизам и заштита на животната средина ). За закуп на јавен простор ќе се наплаќа надоместок и тоа:
– За продажен штанд во висина од 700,оо денари на ден ;
– За штанд за продажба и подготвување на храна износ од 1000,оо денари на ден;
Општина Неготино ќе изготви пресметка во која ќе бидат наведени условите и начинот на плаќање на надоместокот за закуп на јавен простор.
Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се земе во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот.
Барателите можат да изнаімат продажен штанд за продажба на:
1. Греано вино
2. Храна
3. Печени костени
4. Крофни и палачинки
5. Кафе и топли напитоци
6. Новогодишни пакетчиња
7. Новогодишни честитки
8. Сувенири и ракотворби
9. Детски играчки
10. Фотографија
Поставените монтажно – демонтажни објекти, кои ќе бидат изнајмени од страна на правни и физички лица, ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 до 22:00 часот, секој ден, во временскиот период од 10.12.2025 година до 20.01.2026 година.
Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв доіден, прв услужен”.
* Напомена: Строго е забрането поставување на производи надвор од изнајмениот објект.
Јавен повик – изнајмување продажни штандови Нова година

