Врз основа на член 37 став 1 од Законот на локалната самоуправа ( „ Сл. весник на РМ бр. 5/02 “ и „ Сл. весник на РСМ “ бр. 202/24 ) , член 64 став 1 од Статутот на Општина Неготино ( „ Сл. гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 , 16/14 , 13/20 и 3/22 “ ), претседателот на Советот на Општина Неготино во стариот состав свикува Kонститутивна седница на Советот на Општина Неготино на ден 10.11.2025 година ( понеделник ) со почеток во 14:00 часот во салата на Општина Неготино и го предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Решение за избор на Верификациона комисија на Советот на општина Неготино
2. Извештај на Верификационата комисија за верификација на мандатите на членовите на Совет на Општина Неготино
3. Предлог – Одлука за верификација на мандатите на членовите на Совет на Општина Неготино
– Давање на свечена изјава од новоизбраните членови на Советот на Општина Неготино
4. Предлог – Одлука за избор на претседател на Советот на Општина Неготино
5. Предлог – Решение за формирање на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на општина Неготино
6. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на постојаните комисии на Советот на Општина Неготино
