На 17 и 18 Март 2019 проектните тимови од Општина Неготино-Партнер 2 и од ЈП,,Комуналец Неготино-Партнер 4,присуствуваа на прва работна средба во Аридеа- општина Алмопиа во Грција.Истата е дел од проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020. Проектните активности се реализираат за секој партнер посебно, но севкупна координација меѓу сите партнери е задолжителна и за таа цел на средбата најпрво на 17.03.2019 беше формиран Заеднички Управувачки Комитет кој го сочинуваат по 2 члена од секој од партнерите. Се разговараше околу дефинираните обврски на ченовите на Управувачкиот Комитет на секој од партнерите и истиот беше потпишан на 18.03.2018.Генерални теми кои се дискутираа на средбата за сите 4 партнери беа:Презентација на проектот во целост ,Развој на комуникациски план кој е обврска на водечкиот партнер-општина Алмопиа и кој што се очекува наскоро да биде подготвен и доставен до сите партнери .Истиот покрај другото ќе ги опфати пред се таргетираните страни кај сите 4 партнери за времетраење на проектот и потоа.Важен дел од средбата беше разгледувањето на фазите на напредокот на проектот со посебен осврт на сите партнери. Во овој правец беше информирано дека општина Неготино покрај сите администртивни процедури и отпочнати тендерски постапки ги одржа првите 2 информативни денови за земјоделците, а ЈП,,Комуналец дека е во фаза на подготовка на настанот,,Светски Ден на водата,,кој ќе се одржи во општина Неготино на 22 Март.Беа договорени заедничките активности од проектот кои ја одрзуваат прекуграничната соработка и во овој дел заклучокот беше дека Водечкиот партнер-општина Алмопиа , како одговорен во овој дел потребно е да ги забрза дел од активностите со цел непречено истите да се спроведат и од страна на општина Неготино и од страна на ЈП,,Комуналец,,.Се поставија рокови и задолженија за следните 3 месеци и беше договорено сите 4 партнери да ги почитуваат зададените рокови.Најсуштински компоненти од договореното за Партнер 2 општина Неготино е во следните 3 месеци да ја спроведе тендерската постапка за изградба на колекторски дел (цевковод) за поврзување на канализациониот систем Тимјаник–Неготино, а додека за партнер 4 ЈП,,Комуналец,, да се спроведе тендерската постапка за набавка на геозвучни мерачи и детектори на загуба на водата за пиење.Средбата заврши со предлог период за одржување на следната техничка средба планирана да се одржи во Неготино во месец Јуни.