Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 4, 36, 37, 38 и 39 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ број 78/15, 106/15 и 153/15“) и Одлука на Совет на општина Неготино бр. 08-76/15 од 14.03.2017 година („Сл. Гласник на општина Неготино“ бр. 3/17) за издавање под закуп на недвижен имот – Деловен простор во с.Пепелиште опфатен во имотен лист бр.855 за КО Пепелиште на КП.бр.1138, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на општина Неготино, објавува:

О Б Ј А В А  
Брoj 1 / 2017
за издавање под закуп на недвижен имот по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  
(прва објава)

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на недвижен имот- Деловен простор во с.Пепелиште, сопственост на општина Неготино, кој се издава под закуп согласно Одлука на Советот на општина Неготино 08-76/15 од 14.03.2017 година („Сл. Гласник на општина Неготино“ бр. 3/17), за издавање под закуп на недвижен имот- Деловен простор во с.Пепелиште на КП.бр.1138, опфатен во имотен лист бр.855 за КО Пепелиште во времетраење од десет години од денот на потпишувањето на Договорот за закуп со најповолниот понудувач.

2.ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР КОЈ СЕ ДАВА ПОД ЗАКУП

Предмет на закуп е деловниот простор:

Опис и намена на недвижниот имот    Површина
Деловен простор во с.Пепелиште  опфатен во имотен лист бр.855 за КО Пепелиште на КП.бр.1138  сопственост на Општина Неготино    
88 м2

3.ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани правни и физички лица од Република Македонија.

4.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да   ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество секој заинтересиран понудувач треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.мk .

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:
1.Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата.
2.Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар односно 7.900,00 денари, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави и до Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на Oпштина Неготино на денот кога се доставува комплетната документација.
3.Доказ за идентитет на понудувачот
-за правни лица:-тековна состојба од Централен регистар на Р.М
– за физички лица –фотокопија од лична карта
4.Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање .
         Заинтересираните понудувачи, покрај електронската пријава, доставуваат и писмена пријава во затворен коверт со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ и со назнака „ЗА ОБЈАВА ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ бр. 1/2017 прва објава, адресирана до Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, Неготино. Пријавата треба да биде пополнета и потпишана лично од подносителот односно овластеното лице во правното лице,со наведени генералии на понудувачот.
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
Објавата трае почнувајќи од 15.04.2017 и ќе трае заклучно со 25.04.2017 година.
Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница         http://e-stvari.mk
Јавното наддавање ќе се одржи  на ден 28.04.2017 година, и ќе започне во 10:00 часот.

5.РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на Јавното наддавање можат да се достават заклучно со 25.04.2017 година до 16:00 часот, покрај електронската пријава и на адреса Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, Неготино, Комисија за располагање со недвижни и движни ствари.

6.ПОЧЕТНА ЦЕНА

Вкупната проценета вредност на недвижниот имот- Деловен простор во с.Пепелиште на кп.бр.1138, опфатен во имотен лист бр.855 за КО Пепелиште изнесува 395.162,00 денари, врз основа на Извештај П.бр.105/1 од 27.02.2017 година на проценителот МЕТОДА ПЛУС ДООЕЛ Кавадарци. Висината на почетната месечна закупнина за овој недвижен имот изнесува 1.950,00 денари.

7.БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2 % ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ

–    Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар односно 7.900,00 денари.
– Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот во PDF формат, подносителот на понудата / пријавата за учество е должен истата да ја достави и во писмена форма и во оригинал на адресата на Општина Неготино (со назнака: До Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на Општина Неготино.
–    Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
–    Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 60 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

8.ОБВРСКИ
Закупецот се обврзува деловниот простор да го користи за обавување на стопанска дејност за целокупниот период на важност на овој договор.
–    Закупецот се обврзува  деловниот простор по завршување на закупот или предвремено завршување на закупот истиот да го предаде во функционална состојба на Закуподавецот.

9.ПОСТАПКА

Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар – деловниот простор во Пепелиште и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар.
Јавното наддавање ќе се одржи доколку по Објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати почетната цена.
Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во Објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесник на јавното наддавање, вредноста на закупнината се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.
Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој  понудил последна цена која претставува највисока цена за месечна закупнина за предметот на закуп. По завршувањето на јавното наддавање се изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој електронски се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците на јавното наддавање имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.
Против решението на Комисијата може да се изјави Жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршување на јавното наддавање е должен да уплати средства согласно постигнатата крајна цена на месечната закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.
Со најповолниот понудувач во рок од 5 работни дена по извршената уплата на месечната закупнина, се склучува Договор за закуп на деловниот простор во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.Нотарските трошоци се обврска на закупопримачот.
                                 
                                                                                 Комисија за располагање со недвижни и                          

                                                                                   движни ствари на Општина Неготино

Close Search Window