Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ број 78/15, 106/15 и 153/15“) и Одлука на Совет на Општина Неготино бр.08-46/5 од 15.01.2021 година („Сл. Гласник на Општина Неготино“ бр.1/21) за издавање под закуп на урбана опрема, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на општина Неготино, објавува:

О Б Ј А В А  
Брoj 1 / 2021
за издавање под закуп на урбана опрема по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  
(прва објава)

Бр. 11-63/1
од 01.02.2021 година

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на урбана опрема-куќички за продажба на вино, мед, сувенири и др.(бр.1,2,3), поставени на градски плоштад во Неготино, сопственост на општина Неготино врз основа на Одобрение за поставување на урбана опрема УП бр.11-498 од 19.10.2018 година и Киоск во склоп на автобуска постројка, поставен на ул.Маршал Тито, спроти општинската зграда на град Неготино, сопственост на општина Неготино, врз основа на Одобрение за поставување на урбана опрема УП бр.11-544 од 27.11.2018 година,
Урбаната опрема се издава под закуп согласно Одлука на Совет на општина Неготино бр. 08-46/5 од 15.01.2021 година („Сл. Гласник на Општина Неготино“ бр. 1/21) за издавање под закуп на урбана опрема сопственост на општина Неготино за времетраење од пет години од денот на потпишувањето на Договорот за закуп со најповолниот понудувач.

2.ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР КОЈ СЕ ДАВА ПОД ЗАКУП

Предмет на закуп е урбана опрема:

Реден број    Опис  и намена на урбаната опрема    површина
1    Куќичка за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи, поставена на градски плоштад во Неготино, со ознака бр.1    
4 м2
2    Куќичка за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи, поставена на градски плоштад во Неготино, со ознака бр.2    
4 м2
3    Куќичка за продажба на вино, мед, сувенири и други локални производи, поставена на градски плоштад во Неготино, со ознака бр.3    
4 м2
4    Киоск во склоп на автобуска постројка, поставен на ул.Маршал Тито, спроти општинската зграда на град Неготино    
4,5 м2

3.ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани правни и физички лица од Република Северна Македонија.
Објавата е делива и заинтересираните физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата, можат да учествуваат за секоја од поединечната урбана опрема.

4.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да  ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество секој заинтересиран понудувач треба претходно да се регистрира на страната www.е-stvari.mk.
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања, спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:

1.Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата.
2.Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2 % од проценетата вредност на урбаната опрема, односно 8.480,00 денари, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави и до Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на oпштина Неготино на денот кога се доставува комплетната документација.
3.Доказ за идентитет на понудувачот
– за правни лица:-тековна состојба од Централен регистар на РСМ
– за физички лица –фотокопија од лична карта
4.Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање .
Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
Објавата трае 15 (петнаесет) дена, почнувајќи од 02.02.2021 и ќе трае заклучно со 16.02.2021 година.
Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница         www.e-stvari.mk

Јавното наддавање ќе се одржи  на ден 19.02.2021 година, и ќе започне во 12:00 часот.

5.РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на Јавното наддавање можат да се достават заклучно со 16.02.2021 година до 15:00 часот.
 
6.ПОЧЕТНА ЦЕНА

Единечната проценета вредност на урбаната опрема изнесува 105.998,00 денари, врз основа на Извештај за процена на урбана опрема бр.404 од 19.12.2020 година на проценителот АБЦ-БРОТХЕР ДООЕЛ Скопје.

Врз основа на единечната проценета вредност а согласно член 38 од Законот, висината на почетната месечна закупнина за секоја од поединечната урбана опрема, опишана во точка 2,  изнесува 530,00 денари.

7.БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2 % ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ

–    Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар односно 8.480,00 денари.
– Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот во PDF формат, подносителот на понудата / пријавата за учество е должен истата да ја достави и во писмена форма и во оригинал на адресата на oпштина Неготино Ул.„Ацо Аџи-Илов“ бр.2 Неготино со назнака: До Комисија за располагање со недвижни и движни ствари на општина Неготино.
–    Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
–    Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 60 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

8.ОБВРСКИ

–    Закупецот се обврзува урабаната опрема да ја користи согласно нејзината намена за целокупниот период на важност на овој договор.  
–    Закупецот се обврзува  урабаната опрема по завршување на закупот или предвремено завршување на закупот истите да ги предаде во функционална состојба на Закуподавецот,
–    Закупецот урбаната опрема не смее да ја издава во подзакуп.

9.ПОСТАПКА

Јавното наддавање започнува со објавување на почетна цена на  месечната закупнина за секоја од поединечната урбана опрема и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
За секоја од поединечната урбана опрема ќе се спроведе посебно јавно наддавање.

Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар.
Јавното наддавање ќе се одржи доколку по Објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја прифати почетната цена.
Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во Објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесник на јавното наддавање, вредноста на закупнината се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.
Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој  понудил последна цена која претставува највисока цена за месечна закупнина за предметот на закуп. По завршувањето на јавното наддавање се изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој електронски се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката за јавното електронско наддавање во рок од 3 (три) дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која ја спроведува постапката. Комисијата во рок од 5 (пет) дена одлучува по приговорот, за што донесува решение.

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
 
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршување на јавното наддавање е должен да уплати средства согласно постигнатата крајна цена на месечната закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.
Со најповолниот понудувач во рок од 5 работни дена по извршената уплата на месечната закупнина, се склучува договор за закуп на деловниот простор во писмена форма кој во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.
Нотарските трошоци се обврска на закупопримачот.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат:

Општина Неготино, на телефоните 043/361-045 и 072320833, лице за контакт Ивица Златковиќ, Секретар на општина Неготино.

                                       
                                                                        Комисија за располагање со недвижни        
                                                                        и  движни ствари на oпштина Неготино

 

Close Search Window