| Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (05.09-09.09.2022) е единствениот фестивал на ДУОДРАМА во Македонија, во организација на Општина Неготино и Театар Провокација – Скопје. Иницијатор и главен покровител на фестивалот е Општина Неготино. Фестивалот е дел од програмата на “СПОРТСКО-КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” кое започна на 15-ти јули а ќе трае до 24-ти септември. Концептот и логистиката на настанот се на „Театар Провокација“.Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодинешниот фестивал:
 Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед:
 05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
 „КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев
 Режија: Иван Јерчиќ
 Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов
 НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола
 06.09.2022 од 19:30  во КАФЕ БАР АМАРО
 „АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров
 Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов
 Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски
 НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје
 06.09.2022  од 21:00  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
 „ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“
 Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов
 ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје
 07.09 од 19:30  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
 ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете,
 Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски
 ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
 08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
 МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ –  Иван Томашевиќ
 Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ
 СЦЕНА МАСКА, Р. Србија
 09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
 19:30  ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
 20:00  STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)
 |