Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Општина Неготино ќе биде вклучена во спроведувањето на акцијата „Генералка викенд“ која ќе се спроведе од петок 17.05 до недела 19.05.2024 година на повеќе локации на територијата на нашата општина. Во акцијата учество ќе земат 79 општини од Македонија, меѓу кои и општина Неготино.
Акцијата ја организираат „ Мен енд Маунтен“ и Национални шуми со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство под мотото „Зелена сончева“ со која се посветува по едно дрво за 10 кг собран отпад.
Во акцијата можат да се вклучат заинтересирани поединци, граѓани, здруженија и институции и да бидат дел од оваа голема еколошка акција со која сите ќе имаме можност да дадеме придонес за позелена, поубава и почиста општина Неготино.
Сите заинтересирани за вклучување во акцијата можат да го контактираат одговорното лице од општина Неготино на тел. број 071-219-073
Close Search Window