Градоначалникот на општина Неготино согласно член 123 став 1, од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18), и „Службен весник на Р.С.М.“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), ја врши следната:
О Б Ј А В А
за нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/2015 и 99/18), до Градоначалникот на општина Неготино доставено е барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 11-491/1 од 23.07.2024 година.
Подносител на барањето:
ДПТУ ВАРДАР ПЕСОК ДОО увоз-извоз Црвени Брегови Неготино
Адреса: НАСЕЛЕНО МЕСТО БЕЗ УЛИЧЕН СИСТЕМ бр.17 Црвени Брегови-Неготино
Локација на инсталацијата:КП 65 КО Црвени Брегови2, КП 361 КО Црвени Брегови1, КП 529 КО Црвени Брегови2, Општина Неготино
Категорија на инсталацијата: Постројка за сепарација на песок.
Овластен претставник: Ламбев Јовица
Врз основа на член 99 и член 122, став 4 од Законот за животната средина („Службен весник на Р.М.“бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 192/2015, 39/16 и 99/18, и „Службен весник на Р.С.М.“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25) Градоначалникот на општина Неготино ја информира заинтересираната јавност дека сите потребни информации за нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена по објава во дневниот печат, во просториите на:Општина Неготино, ул. ,,Ацо Аџилов“ бр.14 (Желкова куќа) 1440 Неготино.
Секој работен ден од 09 – 16:00 часот.
Контакт телефон: 071/219-073.

