Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со средства во висина од 4.126.163 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино интензивно се одвиваат градежни активности за изградба на крак на улица во УЗ 8.1 согласно договорот склучен помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Градба промет. Станува збор за улица во должина од 135 метри и ширина од 7 метри со поставување на бетонски рабници и тротоари. Проектот е изработен од Генико од Прилеп, а работите се одвиваат согласно однапред утврдената динамика за изведување на истите.

Close Search Window