Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура, Новости|

Во присуство на голем број љубители на театарската уметност, гости од земјава и странство, актери во претставите и членови на жири-комисијата, синоќа на пригодна свеченост беше отворен вториот по ред интернационален фестивал на дуо драма „Бранко Ѓорчев“ кој се одржува во чест на нашиот покоен сограѓанин Ѓорчев кој во својата богата и плодна кариера има остварено голем број значајни филмски и театарски улоги. Присутните ги поздрави и фестивалот за отворен го прогласи Марија Нацева-секретар на општина Неготино која, меѓу другото, упати ијавна покана до сите граѓани од општината и пошироко од регионот да повелат и да ги погледнат театарските претстави кои се дел од фестивалот кој трае до 13-ти овој месец, по што ќе бидат доделени и наградите, бидејќи фестивалот е од натпреварувачки карактер.

Close Search Window