Како градоначалник на општина Неготино имав пријатна можност да се сретнам и да и посакам срдечно добредојде во нашиот град на Нејзината Екселенција амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер која имаше работни активности во нашата општина.
Имено, претставници на Американската амбасада преку поддршка на УСАИД заедно со претставници на Младинскиот образовен форум се приклучија на активностите на Дебатниот и Арт клубот на невладината организација Ековита од Неготино.
Оваа средба имаше за цел да го поддржи и поттикне работењето на клубовите, каде учениците и нивните лидери разменуваат идеи и се вклучуваат во креативни и дебатни активности.
Исто така им овозможи на младите директно да се поврзат со претставниците на донаторите, да споделат визии и идеи и заедно да придонесат кон изградба на поактивна и посилна заедница.