ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во работна посета на општина Неготино

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во работна посета на општина Неготино

Во рамките на спроведувањето на активностите од караванот „ Каде што срцето е дома “ што го спроведува Министерството за локална самоуправа, министерот Златко Перински оствари работна посета на општина Неготино.

Министерот Перински најпрво оствари средба со градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на која се разговараше за приоритетите на локалната самоуправа, но и за тоа како да се одржи континуитетот на иневстициите кои придонесуваат за директно подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на општината. Градоначалничката Нацева информираше дека во соработка со МЛС реализирани се 2 проекти кои се однесуваат на изградба на тротоари за поголема безбедност на граѓаните, за што МЛС обезбеди средства во висина од 4.000.000 денари, а општина Неготино учествуваше со кофинансирање од 1.100.000 денари, а министерството учествува со кофинансирање од 15 отсто од вредноста на проектот „Еднаков пристап за здравствена грижа на возрасната популација-соочување со предизвиците од деменција“ кој изнесува околу 250.000 евра, а го спроведуваат општина Неготино и ЈЗУ Здравствен дом Неготино.

Со цел за остварување на директен контакт со претставниците на локалната самоуправа, министерот Перински оствари работен состанок со градоначалничката Нацева, советниците во Советот на општината и дел од локалната администрација на која се разговараше за секојдневните предизвици со кои се соочуваат граѓаните на општина Неготино, општинската администрација, советниците со цел за мапирање на предизвиците со кои се соочува општината и сублимирање на насоките за нивно надминување, како и за динамиката на спроведување на инфраструктурните проекти во општина Неготино.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email