Врз основа на потпишаниот договор помеѓу општина Неготино како инвеститор и Градба промет како изведувач на работите, со асфалтирање финишира реконструкцијата на 2 улици во Долни Дисан.
Едната улица која е асфалтирана е во должина од 261 метар и завршува пред игралиштето во селото со вредност од 2.776.772 денари, додека асфалтирањето на втората улица е во должина од 166 метри со вредност од 2.238.165 денари.
Средствата за реконструкција и асфалтирање на овие 2 улици се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.