Барање за добивање Б –интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 135 и 136 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 44/15), до Градоначалникот на Општина Неготино доставено е барање Б – интегрирана еколошка дозвола (број 11-495/1 од 17.04.2025).
Подносител на барањето:
ДПТУ ВИЛИС КОМПАНИ ДООЕЛ увоз-извоз Велес
Адреса:Благој Ѓорев бр.221-Б3/19 Велес
Локација на инсталацијата:КП277,КП276/1,КП274/2,КП273, КП276/2 ,КП262 дел19, КО с.Криволак, Општина Неготино
Контакт лице:Виктор Ванчев – Управител
Тел/фах :076/239-040
Категорија на инсталацијата:Постројка за сепарација на песок.
Вид активности:
Инсталација за ископ и сепарирање на минерални суровини (песок и чакал).
Целокупната документација содржана во барањето и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна на веб страната на општина Неготино, а заинтересираната јавност може да направи увид во документацијата од 22.07.2025 до 22.08.2025 година во просториите на Општина Неготино на ул. ,,Ацо Аџи Илов“ бр.14 (Желкова куќа) 1440 Неготино, секој работен ден од 08-16 часот.
Контакт телефон: 071/219-073.