Оваа година во општина Неготино во соработка со Мен енд Маунтен за прв пат се спроведе тридневна масовна еколошка акција во која се вклучија стотици волонтери кои расчистуваа на повеќе локации во општината.
Во знак на почит и внимание, секретарот на општина Неготино Марија Нацева им додели благодарници на сите кои дадоа сопствен придонес за успешно спроведување на акцијата.
Благодарници им беа доделени на училиштата Гоце Делчев, Страшо Пинџур и Св. Кирил и Методиј, градинката Фемо Кулаков, Советот на општината, ЈП Комуналец, ТППЕ Неготино, ЦУК, Порака, Здружение на пензионери, ГФК Вардар, ФК Јанг бојс, ГРК Вардар, КК Спорт тим, БК Неготино, Кик бокс Гладијатор, ПД Фрихајкерси, Ековита, Црвен крст, Риболовно друштво и Ловечко друштво од Неготино.
Од локалната самоуправа информираа дека ќе се организира и масовна акција за садење на дрвја во соработка со Мен енд Маунтен, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми, со интенција акцијата да се спроведе на опожарениот простор на планината Серта од неготинска страна.