И денеска интензивно се одвиваат активности за гаснење на големиот пожар на планината Серта од неготинска страна.
До моментот на објавување на ова известување само за кратко се интервенираше од воздух со 2 хеликоптери, додека изостана вклучувањето во гаснењето на пожарот од други воздухоплови како што се ер трактори и авиони за гаснење пожари.
Во најголем дел гаснењето се одвива од земја со механизација и човечки ресурси со вклучување на војници, полиција, пожарникари, ловџии и други доброволци.
Како градоначалник на општина Неготино апелирам до надлежните во ЦУК за итно и помасовно вклучување на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна.
Во моментов пожарот е најсилен во месноста Дуњица и токму на оваа локација е потребна интервенција од воздух.