Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Како кулминација на манифестацијата Спортско – културно лето “Неготино 2023” Општина Неготино ќе ја организира познатата музичката манифестација “Неготинска музичка вечер 2023” (16 септември, сабота), на која ќе настапат познатите имиња од македонската и балканската музичка сцена, македонскиот шоумен Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе бенд и извонредниот сараевскиот рок бенд “Забрањено пушење”. Нивниот настап ќе биде на огромно задоволство на голем број наши сограѓани, а се надеваме и на голем број гости од соседните и другите градови во Македонија. Незаборавните хитови на Игор Џамбазов и Забрањено пушење меѓу кои познатите “Зеница Блуз”, “Гузоњин син”, “Лијепа Алма”, “Хаџија или бос” и многу други, ќе се пеат на градскиот плоштад во Неготино на 16 септември, а почетокот на овој музички настан е закажан за 21.00 часот. Ова издание на Неготинската музичка вечер ќе го отворат и ќе го затворат локалните диџеи – DJ Andon, DJ Fitty Flow и DJ Alex.

Сабота, 16 септември

21.00 часот, Градски плоштад

Програма:

21.00 – 23.00 Игор Џамбазов & Гуру Харе бенд

23.00 – 01.00 Забрањено пушење

01.00 – 02.30 DJ Andon, DJ Fitty Flow & DJ Alex

 

Close Search Window