Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ започна со организирање промотивна кампања со цел за запознавање и доближување на можностите за користење на средства од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници. Програмата има многу голем опфат во сите економски гранки преку трите акредитирани мерки. На настанот како презентери ќе присуствуваат претставници на телото за управување со ИПАРД и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Се информираат сите заинтересирани граѓани за користење средства преку европскиот ИПАРД фонд дека презентацијата ќе се одржи во вторник на 30-ти овој месец во салата за состаноци на општина Неготино со почеток од 14,00 часот.

Close Search Window