Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во саботата (27.05.) во салата на СРЦ “Младост” во Неготино се одржа првото издание на младинскиот кошаркарски турнир во женска конкуренција “Неготино 2023”, кое изобилуваше со одлична кошарка и интересни натпревари. Учесници на турнирот покрај домаќинот ЖКК Спорт Тим, беа екипите на ЖКК Јасмин од Кавадарци, ЖКК Пробаскет од Пробиштип, ЖКК Прима Баскет од Гевгелија и ЖКК Тим Арена од Штип.
На турнирот кој имаше натпреварувачки карактер, беа одиграни натпревари во две конкуранци: М14 (генерации 2010/11) и М18 (генерации 2006/2009).
Во конкуренција М14 победник на турнирот е екипата на ЖКК “Јасмин” од Кавадарци која во одличното финале ја совлада екипата на “Спорт тим” од Неготино која мораше да за задоволи со второто место и сребрениот медал. Третото место во оваа конкуренција и припадна на екипата на ЖКК Прима Баскет од Гевгелија. МВП (најдобар играч на турнирот М14) е Дијана Ѓорева од екипата на “Јасмин” од Кавадарци.
Во конкуренција М18 победничкиот пехар го подигна капитенот на екипата на ЖКК “Тим Арена” од Штип која во финалето беше подобра од екипата на домаќинот ЖКК “Спорт Тим” која и во оваа конкуренција беше второпласирана. Третото место го освои екипата на ЖКК Прима Баскет од Гевгелија. За МВП (најдобар играч на турнирот М18) беше прогласена Ива Дојчинова од победничката екипа на ЖКК “Тим Арена” од Штип.
Дипомите и наградите на најдобрите екипи и поедици на турнирот им ги врачија претставник на општина Неготино и претседателот на ЖКК “Спорт Тим”. Екипите кои настапија на турнирот упатија благодарност до Општина Неготино и ЖКК “Спорт Tим” за беспрекорната организација и го најавија своето учество за наредната година.

Close Search Window