Во изминатиот период работници на ЈП„Комуналец“ од Неготино извршија хортикултурно оплеменување на околу 500 м2 нови површини со засадување на 3.757 садници цвеќе, темјанушки и хортензии. Во делот на одржувањето на јавно прометните, парковските и други површини од јавен интерес во доменот на оджување спаѓаат 153.016 м2 зелени парковски површини и дрвореди кои се одржуваат согласно годишната програма за работа на локалното комунално претпријатие.