Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

🏃Под мотото ,, Стартувај, уживај, радувај се ! Во тебе е клучот ” во Долни Дисан се одржа третата по ред треил трка за вино и љубов, уникатен настан на кој се слават виното и љубовта низ спортско рекреативна активност, а која е инспирирана по примерот на вински трки во Франција и Италија и е единствена од ваков вид во општина Неготино.
📍Треил трката е последен настан од одбележувањето на празникот Св. Трифун со која пак се врши промоција на дисанскиот регион во неговиот локален развој, како и промоција на локалните производи.
➡️Целта е приклучување кон иницијативите со вински маратони кои се одржуваат во земји познати по своите вински региони и вински производи, а токму дисанскиот регион е место каде што се раѓа грозје со посебен квалитет од кое се произведуваат извонредни вина и ракии.
✅️Организатори на настанот се Деконус ДООЕЛ Скопје во соработка со општина Неготино.
Close Search Window