Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

🍷Со прием на делегации во работниот кабинет, започнаа денешните активности организирани од општина Неготино по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Св. Трифун. На градскиот плоштад се одржа централниот настан со чинот на осветување на виновата лоза од страна на свештено лице од МПЦ Св. Атанасиј и закројување на лозата кое го ивршивме јас како градоначалник и министерот за земјоделие Цветан Трипуновски наздравувајќи им на сите присутни на плоштадот со желби годинава родот да биде квалитетн и богат, лозарите да добијат добри цени и навремена исплата, а винариите да произведат квалитетни вина и ракии.
📍На централниот настан беа доделени признанијата и наградите на најуспешните индивидуални производители на вина и ракии од општина Неготино, а по одржаниот натпревар во дегустација на кој пристигнаа над 60 мостри ракии и бели, црвени и розе вина кои пак беа оценувани од 3-члена комисија составена од енолози. Исто така, награди беа доделени и по распишаниот ликовен конкурс за учениците од трите училишта во градот и тоа за прво, второ и трето место, како и признанија и награди по литературниот конкурс на тема Свети Трифун.
➡️Присутните на плоштадот имаа можност да дегустираат вина и ракии и други изложени производи, а се одржа и базар со ракотворби од ученици со напомена дека собраните средства ќе бидат наменети за солидарни цели, т.е. за подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот.
Close Search Window