Граѓаните на општина Неготино, претставниците на бизнис секторот и други корисници од денеска повеќе нема да мораат да патуваат во други градови и да се изложуваат на дополнителни финансиски трошоци кога е во прашање користењето на услугите на Централен регистар на Македонија.
Имено, денеска како градоначалник на општина Неготино заедно со директорката на Централен регистар д-р Анита Стамнова која беше придружувана од дел од нејзиниот работен тим присуствувавме на отворањето на Регионална регистрациона канцеларија во Неготино.
Овде, граѓаните на општина Неготино, но и граѓани од соседни општини, ќе можат да ги добијат и да ги користат сите видови на услуги што ги дава Централен регистар, како и да добијат помош, доколку им е потребна, од стручниот персонал кој е подготвен да им излезе во пресрет на барањата, одговорајќи притоа на основната функција на Централен регистар како сервис на граѓаните и на бизнисот.