Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во присуство на голем број заинтересирани граѓани од нашата и соседни општини, во Неготино денеска се изврши презентација на Оперативниот план за вработување на Владата на Република Македонија. Во своето обраќање заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески истакна дека македонската Влада со рекорден Буџет од над 40 милиони евра, 7,5 милиони евра повеќе од предходната година, ја спроведува реализацијата на Оперативниот план за вработување со фокус ставен на младите, претприемништвото и социјалната инклузија. Ристески потенцираше дека заклучно со денешниот ден од отворањето на јавните повици за мерката самовработување се поднесени околу 3.200 апликации што сведочи за огромниот интерес од страна на невработените лица.

Заменик-министерот за економија и труд Ристески апелираше до невработените граѓани на општина Неготино да ја искористат оваа можност и до петок 20-ти јуни до кога се отворени јавните повици да аплицираат до локалното Биро за вработување. Со исти или слични пораки на денешната презентација се обратија и директорката на Агенцијата за вработување и директорката за Поддршка на претприемништвото кои ги охрабрија невработените да се пријават и да не ја пропуштаат оваа можност, чија цел е пак да се поттикне развојот на млади бизниси и да се задржат младите во земјава.

Како градоначалник на општина Неготино во целост го поддржав Оперативниот план за вработување со надеж дека и младите невработени од нашата општина ќе аплицираат и ќе им се помогне да започнат сопствен бизнис, а со тоа ќе се намали и невработеноста во општината.

Close Search Window