Турнирот се одржа во салата на СОУ Св. Кирил и Методиј во нашиот град, а во пресрет на утрешното одбележување на празникот на Неготино 8-ми ноември – Денот на ослободувањето.
Станува збор за турнир кој секоја година се организира во рамки на програмата за одбележување на 8-ми ноември, а го организираат општина Неготино и Здружението на слепи лица од нашиот град.
Годинава на турнирот учествуваа 3 екипи и тоа од градот домаќин, од Струмица и од Кавадарци. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, на најуспешните им беа доделени дипломи и признанија за учество на турнирот.