Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во пресрет на празнувањето на најстариот и најголемиот христијански празник Велигден, во петок на 10-ти април општина Неготино и Основното општинско музичко училиште „Владимир Арсовски“ организираат Велигденски концерт.

Велигденскиот концерт ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 12,00 часот и со настап на околу 90 ученици кои се дел од училишниот хор при неготинското музичко училиште кои според предвидената програма ќе се претстават со 10-тина музички точки, а како гости на концертот свој настап ќе имаат и играорците од Фолклорниот ансамбл „ Ацо Ѓорчев“ од Неготино.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева  имајќи предвид дека петок е неработен ден и присутна е раздвиженост низ градот, упатува јавна покана до сите граѓани на општина Неготино и регионот да повелат на градскиот плоштад и сите заедно во релаксирана атмосфера да уживаат во содржините од Велигденскиот концерт.

Screenshot

Close Search Window