Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино во понеделник на 23-ти јуни во вечерните часови на целата територија на општината ќе  изврши дезинсекција преку прскање против комарци, додека во текот на денот ќе се врши дератизација. Прскањето ќе го спроведе фирмата Лиса-ком и ќе се врши со препаратот „аквакотрин“-еден од најефикасните за уништување на комарците. Прскањето против комарци ќе започне околу 23,00 часот со тоа што на почетокот ќе бидат опфатени периферните делови од општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала, ќе се прска во централното градско подрачје. Токму затоа, на населението му се препорачува во овој период да биде попасивно во поглед на движењето во центарот на градот, а до пчеларите и до пчеларските здруженија се апелира навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Close Search Window