Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Врз основа на потпишаниот договор помеѓу финансиерот општина Неготино и изведувачот на работите Градба промет, во тек се градежни активности кои ќе финишираат со асфалтирање на 2 улици во Долни Дисан. Се работи по проект изработен од Астрекс со напомена дека едната улица е во должина од 261 метри и завршува пред игралиштето со вредност од 2.776.772 денари, додека втората улица која се реконструира е во должина од 166 метри и со вредност на работите од 2.238.165 денари со вклучен ддв. Средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а надзорот го врши фирмата Студио Архивисион. Работите на терен се одвиваат според однапред утврдената динамика за реализација на истите.

Close Search Window