Кризниот штаб на општина Неготино и вечерва одржа редовен состанок на кој беа сумирани ефектите од целодневното гаснење на пожарот на планината Серта, а се донесоа и заклучоци за активностите предвидени за утрешниот ден.
Предвидено е и утре вклучување на сите восдухоплови- хеликоптери и ер трактори кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот.
Како и во изминатите денови, така и за утре Кризниот штаб има обезбедено потребна механизација за поефикасно гаснење на пожарот.