



Настанот е во рамките на многубројните активности кои паралелно се спроведуваат за собирање на финансиски средства за лекување и постоперативно закрепнување на нашата млада сограѓанка Матеа.
Со боички и празни листови придружувани и од своите родители, голем број на дечиња на лице место ја демонстрираа својата креативност, а организаторот обезбеди каменчиња за декорирање.
Посакувајќи и побрзо заздравување на Матеа, учесниците на ликовната работилница порачаа ,, Споменот за доброто дело ќе живее во сите нас “.