Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со почит кон минатото, со визија за побезбедна иднина: Општина Неготино беше дел од хуманитарниот настан „Конци на светлината“ (Thread of Lights)

 

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на хуманитарниот настан „Конци на светлината“ (Thread of Lights), организиран од страна на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Овој настан, исполнет со многу емоции, е посветен на нашата сограѓанка, прерано изгубениот живот на прекрасната дизајнерка Фросина Кулакова, чие име денес е симбол на борбата за поголема безбедност и хуманост.

 

Како Општина од која потекнува Фросина, според Нацева, општина Неготино  има морална и институционална обврска да го зачуваме споменот на неа, но и активно да работи на тоа вакви трагедии никогаш да не се повторат.

 

– Клучни чекори за соработка:

  • Меморандум за соработка: Општина Неготино ќе потпише меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, со што директно се вклучуваме во поддршка на нивните активности и цели.
  • Хуманитарна аукција: Учествувавме на аукцијата организирана во рамките на настанот, чии средства се наменети за благородните каузи на фондацијата.

 

Градоначалничката Нацева со гордост најави дека во текот на 2026 година, Општина Неготино ќе го имплементира современиот систем „Safe City“.

 

Безбедноста на нашите граѓани, особено на младите, е наш врвен приоритет. Преку проектот “Safe City” од една страна и соработката со фондацијата, од друга страна, инвестираме во технологија и превенција за Неготино да биде посигурно место за живеење.

 

Благодарност до семејството Кулакови и фондацијата за нивната сила и истрајност. Нивната борба е борба на сите нас.

 

Close Search Window