Во насока на имплементација на препораките од оценските мисии во рамки на функционирањето на демократските институции и реформите на јавната администрација, градоначалничка на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на консултативниот настан „ Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“.
Целта на овој настан кој го организираше Министерството за локална самоуправа во соработка со Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) беше да се разгледаат и дебатираат тековните активности и извештаи од анализата на актуелните состојби, како и успешните практики кои тековно се применуваат.
Една од клучните цели на работилницата на која учествуваа градоначалници од сите општини, претставници на министерствата, развојните плански региони, како и членовите на комисијата за поттикнување и следење на меѓуопштинската соработка, е и размена на искуства и консултации со клучни засегнати страни со цел за надградување и подобрување на меѓуопштинската сиоработка како еден од најважните механизми за развој и испорака на квалитетни услуги во Единиците на локалната самоуправа во Македонија.

