За таа цел, предвидени се средби со граѓаните од општина Неготино на кои претставници на локалната самоуправа директно ќе ги слушнат мислењета и предлозите и истите можат да се најдат во програмата за работа на општина Неготино за 2026 година и за нив да се предвидат финансиски средства за нивна реализација.
Утре, 25.11.2025 (вторник), на посебен пункт на градскиот плоштад од 10:00 до 11:00 часот, ќе можете да ги доставете вашите предлог идеи.
Во следните денови сме и во населените места:
✔ 25.11 (вторник) – Црвени Брегови 16:20 часот. Криволак 17:00 часот во подрачното училиште. Пепелиште 17:50 часот во подрачното училиште.
✔ 26.11 (среда) – Тремник 18:30 часот во подрачното училиште. Војшанци 19:30 часот во просторијата на местната заедница.
✔ 27.11 (четврток) – Тимјаник 16:45 часот во подрачното училиште. Долни Дисан 17:45 часот во просторијата на местната заедница. Курија 19:00 часот.
️Како транспарентна локална власт ги очекуваме предлозите на граѓаните како на градскиот плоштад, така и на средбите во населените места.
